среда, 1 декември, 2021

Го расплака светот: Британец раскажа како го преживеал корона вирусот

Омар Тејлор (31) преживеал права драма пред да искочи од болница во Велика Британија.

Тој бил ставен во индуцирана кома, 30 дена бил на респираторна машина, имал два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на плуќа и срцето му откажало. На крајот тој го победил корона вирусот и искочил од болница на денот на роденденот на неговиот син.

Најпрво му било кажано дека ќе умре и дека нема да преживее. Потоа му било кажано дека нема да може да оди, но он успеал. Неговото оздравување е чудесно, изјавила неговата сопруга Кејтлин.

Омар сега е дома и се опоравува. Единствен проблем кој што го има е тоа што десната рака не му функционира и слабо зборува, но лекарите веруваат дека и тоа ќе се поправи и ќе биде добро.

„Беше многу тежок период за нас, поготово со две деца. Него го немаше 8 недели, на децата тоа им изгледаше како цела вечност“, кажува сопругата Кејтлин.

Кога Омар искочил од болница му припремиле голема прослава.

Во болницата бил испратен со аплауз, а пред неговата куќа се собрале сите комшии и му честитале за чудесното оздравување.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!