Реал Мадрид ќе мора да скрати 30% од трошоците за идната сезона

Иако личеше дека Реал Мадрид одлично го амортизира ударот кој го предизвика светската криза, сепак клубот ќе мора да направи рестриктивни финансиски мерки.

Флорентино Перез среде пандемија започна со реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“, па жртвата може да падне врз платите на играчите.

Според пишувањето на шпански „АС“, тие размислуваат за идната сезона да ги намалат исплатите на фудбалерите за 30%.

Веќе беше најавено дека „кралевите“ ќе ги намалат примањата за десет проценти во сезоната 2019/20 поради ковид-19, но во наредната буџетот ќе мора да биде растеретен за 30% со цел да се одржи баланс.

Коментари

коментари