Турција веќе очекува туристи – ете какви мерки имаат тие

Турција воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите, изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Есрој за Си Ен Ен Турк.

Тој дополни дека ќекор по чекор, до крајот на мај, ќе бидат укинати ограничувањата за патување во рамки на државата, а постепено ќе се воведуваат и меѓународни летови.

Владата развила програма за издавање сертификати за хотели и ресторани, кои ќе мораат да ги задоволат строгите критериуми.

Есрој прецизира дека има вкупно 132 критериуми, кои вклучуваат почитување на хигиенски услови и физичка дистанца.

Вработените, исто така, ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци.

Владата, исто така, објави попис на болници со нивните капацитети, кои ќе бидат достапни во популарните туристички дестинации.

Туризмот е значен дел од турската економија, а пред пандемијата, турските власти за годинава очекуваа 58 милиони гости. Есрој вели дека коронавирусот во Турција е под контрола и дека земјата може да очекува 63 милиони туристи во 2021 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!