Сопругата на Ибрахимовиќ издаде досега необјавена тајна за него

Хелена Сегер, сопругата на славниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, нималку не личи на класичните жени на фудбалерите кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи.

Таа е 11 години постара од Златан. Таа е успешен претприемач и многумина сметаат дека е заслужна за сјајните инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направиле еден од најбогатите спортисти на светот.

Оваа згодна рускокоса не сака да се експонира во медиумите, не објавува на социјалните мрежи провокативни фотографии од луксузни дестинации, не се фали со скапоцената облека, чевли, чанти…а на мечевите на својот сопруг доаѓа да навива, а не да биде во центарот на вниманието.

Кога го запознала Ибрахимовиќ веќе била остварена, успешна жена. Имала кариера и добра работа.

„Кога го запознав Златан имаше 21. година, а јас 32., имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури ни не беше мој тип на маж. Првпат кога го видов, го опколи со своето Ферари мојот Мерцедес, го видов само неговиот голем нос и златниот часовник на раката. Бев лошо расположена и викав на него. Мислам дека тоа му се допадна“, откриела Хелена.

Коментари

коментари