понеделник, 18 октомври, 2021

Ременски: Чулев не е виновен, нема министер кој може да растури литија или верски обред

Поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски во врска со денешната литија одржана во Струга и огромното присуство на народ, на својот Фејсбук профил напиша:

„Најдете еден министер за внатрешни работи што растурил или може да растури литија или верски обред во вонредна состојба. Ниту имало, ниту ќе има!

Да не беше полицискиот час за велигденските празници сликата ќе беше слична или иста.

Собирањето на Стружани е одраз на топло-ладно реториката околу победата над пандемијата. Ако важи она народната дека, стравот лозјето го чува, тогаш за да нема вакви собирања треба друг пристап.

Личната одговорност на граѓаните падна на тестот на превенцијата во Струга, но исто така факт е дека загрозување на здравјето може да им и без вонредна состојба и брз литии.

Можеби статусот не е во рамка на ФБ атмосферата за “вечерното просветление за денска Струга”, но малку реалност не е на одмет. Ако на реалноста се додаде дека, практикувањето на верата е едно од правата кое не може да се ограничи во вонредна состојба (а, можеше во полициски час), тогаш пак останува да зборуваме за личната свест и одговорност на поединецот.

Кој ќе ги свика Собранието за да му ја констатира оставката на Чулев?“

Коментари

коментари

error: Content is protected !!