Мицкоски со контрадикторна изјава: Водам пред Заев, ама избори не сакаме сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партијата која ја предводи е подготвена за избори во било кое време, но истиот не сака избори сега поради здравјето на граѓаните, и покрај како што вели двоцифрената предност пред СДСМ.

Сепак, Мицкоски не кажа конкретно кога е најдобар момент за избори иако истакна дека можеби ќе се создадат услови за почетокот на јули.

За разлика од него првиот човек на СДСМ Зоран Заев вели дека коронакризата може да се врати и затоа најдобро е да има избори што поскоро. Тој рече дека истиот пример е таков и во Хрватска и во Србија.

Овде имаме две причини плус за избори. Немаме активно и легитимно Собрание, ниту пак имаме политичка Влада. Затоа најдобро е да се има Влада избрана од граѓаните и тие да го кажат последниот збор, рече Заев.

Тој рече дека нема да има масовни собири и дека има напредна технологија за промоција на кандидатите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!