Заев откри работи за Максим, изборите и економските мерки

За ситуацијата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и кривичната пријава за него, Заев за Телевизија 24 вели дека се оградиле од него.

„Се оградивме од Максим Димитриевски, бидејќи беше изречена санкција, а тој не ја почитуваше. Поради тоа што добил санкци, ова било режимска власт. Законот мора да важи за сите. Тој ми е другар, сопартиец но законот важи за сите. Ако Заев и Мицкоски биле дома во самоизолација, тогаш и Максим требало да ја почитува самоизолацијата. Одговорноста е голема и треба да се биде пример“, посочува Заев и додава дека Владата се грижи за Куманово исто како што Максим Димитриевски се грижи за Куманово.

За тоа дали Димитриевски ќе има шанса за втор мандат, тој рече дека за тоа одлучуваат анкетите.

“ВМРО-ДПМНЕ ќе победат на избори тогаш кога ќе почнат да се однесуваат одговорно и кога ке сфатат дека државата, Владата и Парламентот постојат заради граѓаните и тие институции треба да функционираат со целосна сила. Република Северна Македонија за разлика од сите други земји, во моментот нема ниту Парламент, ниту политичка влада, а економските параметри се лоши секаде во регионот. Падот на кривата треба да го искористиме бидејќи не знаеме кога ќе дојде друг таков момент” – објасни Заев.

Запрашан дали СДСМ брза на избори за да го искористи високиот рејтинг на ресорот здравство, Заев со став:

“Добриот менаџмент на здравствената криза е само поен плус. Но, она што е најважно во моментов е дека ние успеавме стратешките цели на државата да ги решиме” – додаде Заев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!