понеделник, 19 април, 2021

Доаѓа дожд и минусни температури: УХМР со предупредување до граѓаните

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Времето во четврток ќе биде претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минимална температура ќе достигне од 2°C до 9°C Максимална температура од 15°С до 22°C

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Минимална температура од -2°C до 8°C Максимална температура од 17°C до 24°C

Додека пак за време на викендот во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минимална температура од 2°C до 10°C Максимална температура од 20°C до 26°C

УХМР предупредува и дека:

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!