(ФОТО) Одеа ли по невеста, што правеа полициските возила откри Чулев

Голема бура се крена околу снимањето на спот за полицискиот ден, поради што со изјава конечно се огласи и Наќе Чулев.

На социјалните мрежи се појави и интересна фотографија над која пишува: „Врана коња јавам ја одам по невестата…“, нормално сето тоа во доза на сеир.

„Не станува збор за никаква злоупотреба на полициските сили, туку за еден мал гест со кој ќе се заблагодариме за нивната секојдневна жртва, ќе се валоризира нивната посветеност во заштита на здравјето на граѓаните, a истовремено ќе се подигне нивниот морал. Воедно, потенцирам дека со денешните активности во ниту еден момент не се нарушени тековните активности на Министерството за внатрешни работи“, вели Чулев.

Тој додадава дека ако некои од неговите колеги во МВР ја спори важната улога на полициските службеници во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните ги повика јавно да го кажат тоа.

– За мене тие се хероите, така ќе биде и во иднина и тие ги заслужуваат сите наши пофалби и признанија, додава Чулев.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!