„Комити“ и „Војводи“ скандираа „Никогаш Северна, само Македонија“

Министерката за обрана, Радмила Шекеринска денес положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Кога се подготвуваше да даде изјава за медиумите, во подзадина членови на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ скандираа гласно „Никогаш Северна, само Македонија“.

„Барем тоа го научивме на Балканот, дека многу често политиката се крие зад навивачките групи и ги злоупотребува“, рече Шекеринска.

Откако замина министерката, навивачите излегоа да положат цвеќе, притоа повторно пеејќи патриотски песни.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари