Македонија: Рането 19-годишно момче, приведени четири лица од Гостивар

Во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар вчера во 17:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен повреден од огнено оружје Н.А.(19) од Гостивар.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и бил извршен разговор со Ѓ.Т.(21) од Гостивар, според кој околу 17.00 часот во с.Сретково, додека Ѓ.Т. и Н.А. се движеле, Н.А. во еден момент почувствувал болка од десната страна и забележал дека е повреден.

Во врска со настанот биле приведени Ѓ.Т., М.Х.(22), Ф.И.(20) и М.Т.(20), сите од Гостивар, а од Ѓ.Т. била одземена воздушна пушка „гамо“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментари

коментари