вторник, 18 јануари, 2022

Статус во кој се опишува поголемиот дел од администрацијата во Македонија

Нашата администрација дно дна. Секоја чест на исклучоците. Јас да сум премиер во секоја канцеларија камери (мала инвестиција) и да се види колку време поминуваат на работното место, како се однесуваат со странките, колку пати пијат кафе, колку пушат цигари и така натаму.

Не може ние да плаќање даноци, да се соочуваме со кризи, со покачување на плати, со зголемување на трошоци, да отвараме фирми, да затвораме фирми, а они како „бели мечки“ да прават што сакаат и да се недопирливи. Од нашите даноци земаат плати и не ни почитуваат ни малку.

Денеска пример: ми треба потврда дека сам платил сите данови на државата за да поднесам барање до државата на еден оглас во кој принципот е прв пријавен прв услужен, а госпоѓата ја нема цел ден на работа и се појавува негде околу 13 часот и ми вика многу работа имам утре ќе бидеш услужен, а утре веќе е касно за огласот.

И после викаме се се дава на скопјани, не другари, се е од нашата делчевска администрација. И такви примери има насекаде.

И кога кажат да се намалат платите на нив они први плачат и се бунат по медиумите. Полни со енергија за бунење оти не ја трошат за тоа за што се платени.

Додека не се сменат таквите вработени или они самите не се променат од нас држава не бидува!!!!!

Државата во која мнозинството млади сакаат државна работа оти во неа нема ризик и се заштитени како бели мечки а немам младина заинтересирана за претприемништво и интестиции, ризик, отварање нови работни места во приватниот сектор итн.

Е таа држава никогаш нема да биде држава. Само дувло за криминалци и паразити (секоја чест на исклучоците)

Фејсбук статус на Игор Глинџарски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!