Фондацијата на Бил Гејтс ќе се занимава само со корона вирусот

Мултимилионерот Бил Гејтс воедно и коосновач на „Мајкрософт“, за американските медиуми откри дека неговата фоданција ќе се посвети целосно на корона вирусот.

Досега фондацијата се занимавала со ХИВ, маларија и детска парализа, но поради новонастанатата ситуација, сето тоа ќе се промени. Фондацијата на Гејтс има буџет од 40 милијарди долари, а околу 250 милиони долари има инвестирано во пронаоѓање на вакцини.

-Поради пандемијата глобалната економија ќе забележи загуба од десетици милијдари години, поради што ќе закрепнува со години,- истакна Гејтс.

Гејтс ја искоментира и одлуката на Трамп да прекине со финансирање на СЗО (Светска здравствена организација), сето тоа за време на пандемијата, што во најмала рака е скандалозно и треба да се промени.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!