вторник, 18 јануари, 2022

Првиот човек на Штип со одлука: Ќе земам минимална плата, другото го донирам

Јавно ја поздравив одлуката за солидаризирање, хуманост и поддршка на институциите во борбата со корона вирусот.

Останувам на ставот дека јас како избрано лице треба да добијам минимална плата, а останатиот дел ќе го донирам во фондот за борба против Ковид-19, без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на Уставниот суд.

Ова е борба на целото човештво против оваа пандемија, затоа нема место за калкулации, потребна е заедничка акција, да помогнеме, да дадеме свој придонес, да се солидаризираме.

Истата одлука ја донесе и таткото на Град Скопје, Петре Шилегов, кој до јавноста испрати порака дека секој е важен.

Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.
Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност.

Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје.
Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас. Секој е важен. Секој човек е важен.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!