понеделник, 19 април, 2021

Помпео: Рамо до рамо со нашиот пријател Северна Македонија се бориме против корона вирусот

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот профил на Твитер сподели дел од денешниот телефонски разговор со претседателот на државава, Стево Пендаровски.

Помпео напиша дека борбата против ковид-19 е заедничка со Северна Македонија, како најнов сојузник во НАТО.

„Добри вести од денеска. Му честитав на Стево Пендаровски за приклучувањето на Северна Македонија кон НАТО и нивните чекори кон членство во Европската Унија. Заедно сме со нашиот најнов сојузник и граѓаните на Северна Македонија во борбата со Ковид-19“, напиша Помпео.

Претходно, од Кабинетот на претседателот Пендаровски, соопштија двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на ковид-19.

Пендаровски изразил благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари.

Притоа, претседателот истакнал дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!