вторник, 18 јануари, 2022

Во САД огромен број на затруени, откако Трамп изјави да се вбризгуваат дезинфекциски средства

Директорката на американската Агенција за јавно здравство, Нгоки Езикеј, изјави на денешната конференција за медиуми дека има значително зголемување на случаи со труење во последните два дена, објави Си-Ен-Ен.

Ова, пак, се совпаѓа со советите на Трамп за инјектирање средства за дезинфекција за да се спречи коронавирусот.

Таа рече дека труењето е пријавено од луѓе што се обидуваат да ги измијат синусите со детергенти, додека едно лице устата ја плакнело со мешавина од варекина и средство за миење на устата за да го убие вирусот.

„Инјектирање, плакнеше и вдишување средства за чистење е опасно. Не го советуваме тоа, може да биде смртоносно “, рече д-р Езикеј, јави Си-Ен-Ен.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја запрепасти медицинската заедница со последните коментари за лекот за коронавирус. Експертите ги нарекоа неговите коментари неодговорни и опасни. Поточно, пред два дена, тој на брифинг сугерираше дека инјектирањето на средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во организмот може да го убие коронавирусот и посочи дека зрачењето на пациентите со силни УВ-зраци може да ги излекуваат, нешто што веднаш го побија докторите.

„Да претпоставиме дека го изложивме телото на силни УВ зраци или некое друго моќно зрачење“, рече Трамп, а потоа се сврте кон д-р Дебора Беркс, координатор на Белата куќа за коронавирус и додаде: „Мислам дека рековте дека сè уште не сте го провериле. но дека ќе го тестирате “.

“Јас тогаш реков што може да се случи ако внесеме воздух во телото, што може да се направи преку кожата или на друг начин, така што вие рековте дека ќе го тестирате. Тогаш видов средства за дезинфекција што го уништуваат вирусот за една минута, има ли начин да се направи вакво нешто, преку инјекција или чистење? Да се ​​внесе агенсот во белите дробови некако. Тоа би било интересно да се провери “.

Потоа ја праша д-р. Биркс дали слушнала за третман на коронавирус со топлина и воздух.

“Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, тоа му помага на организмот да одговори на болеста, но сè уште не сум видел третман со употреба на топлина или зрачење”, заврши Биркс, бидејќи Трамп одговори дека навистина би било добро ако се провери таквото лекување.

Следниот ден тој тврдеше дека се што кажал било саркастично.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!