Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат избори во овој момент

Меѓу првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ моментално не е одржување на избори, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“, лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.

Како што кажа тој, многу од зацртаните програми на партијата ќе мора да се ревидираат бидејќи кога биле конструирани, економијата во државата била мошне поразлична од моменталната.

“Втора теза е тоа што Избирачкиот список не е заклучен. Од тогаш кога беше на јавен увид, до денес има луѓе коишто се стекнале со право на глас, имаме луѓе коишто за жал починале. Потребно е тој Избирачки список да се ажурира и за тоа е потребно време“, рече Мицкоски.

Мицкоски: Поранешни пратеници не може да поднесат иницијатива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 360 степени рече дека Собранието не може повторно да се свика и тоа би било противуставно.

-Се наоѓаме во една многу деликатна ситуација кога имаме поранешни пратеници, и тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку и професори како Климовски, Силјановска, Каракамишева…
Поранешни пратеници не може да поднесат иницијатива. Тоа би било преседан и кршење на Уставот. Точно е дека ние имаме интерес да има систем на контрола на власта, но не на овој начин.

Што е целта што власта сака противуставно да се свика Собранието? Првата е онаа што ја кажуваат, да се потврди вонредната состојба. Втората теза е дека сакаат да наметнат датум за избори. Можеби е некоја трета цел. Но, полека на сигурно преоѓаме во една кризна состојба, смета Мицкоски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!