Супер велигденско известување: Крајно мал број заразени денес – линијата оди надолу

Одлични информации на вториот ден од најголемиот македонски празник Велигден, бројот на позитивни од корона вирус во последните 24 часа изнесува само 18 луѓе.

Оваа мала бројка носи голема позитива и надеж дека графиконот ќе се движи во надолна линија и во следниот период.

И денес најмногу заболени има од Куманово – 9, по двајца од Скопје, Штип и Тетово и по еден позитивен од Велес и Гостивар, како и Пехчево, каде за прв пат има позитивен од корона вирусот.

Починати се и три лица од Куманово, Прилеп и Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ – Спасовски: По првомајските празници да започне процесот на враќање на животот во нормала

Премиерот Оливер Спасовски најави почеток на враќање на процесот во нормала по првомајските празници.

– Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала.Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Премиерот Спасовски пред два дена на онлајн прес – видеосесијата Ковид-19 „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.

Коментари

коментари