Познатиот македонски пејач: Јавно кажувам – повеќе не седам во карантин

Познатиот македонски пејач, Наум Петрески на социјалните мрежи сподели објава, со која најавува дека нема да ги почитува мерките на Владата.

-Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен.

-Опасен да за луѓето со попречен имунитет е на тие луѓе ставете ги во карантин а не сите нас. Кој ли вас ве стави на власт???, напиша Петрески.

Од среда (22.04) започнуваат новите мерки од Владата:

Неколку појаснувања во врска со олабавувањето на мерките и казните за неносење на маски/марами

Задолжително носење на маски/марами од среда се однесува на 3 града: Прилеп, Куманово и Тетово.

Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни.

Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие.

Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата.

Во врска со олабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава, тоа ќе се одвива во неколку фази. Во првата фаза, ќе се намали времетраењето на полицискиот час но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри.

Коментари

коментари