понеделник, 19 април, 2021

Доцна во ноќта: Земјотрес ја вознемири Македонија

Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтеровата скала и епицентар во општината Маврово Ростуше е регистиран вечерва на 43 минути после полноќ.

Поместувањето според првичните информации се случил на два километри длабочина а се почувствувал на приближно 70 километри југозападно од Скопје и на 11 километри североисточно од Ростуше.

Пред неколку денови се тресеше и тлото на Италија

Според податоците земјотресот се случил со јачина од 4.2 степени според рихтер на 92 километри јужно од Милано.

Регистриран е во 11.42 часот по локално време, а благи потреси биле почувствувани и во Милано, во соседниот регион Ломбардија, сè до границата со Швајцарија.

Нема податоци за евентуално повредени лица, но северот во Италија е и жариште во големата коронавирус криза која ја погоди земјата, па настанала паника меѓу жителите на овие области кои мора да седат дома поради големата пандемија која однесе над 20 илјади животи само во Италија.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!