понеделник, 18 октомври, 2021

Корона вирусот пристигна и во крајниот исток – мала општина со прв заразен

Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Анонимен извор информираше дека станува збор за лице вработено во Итната медицинска помош во Пехчево. Лицето по соопштувањето на резултатите се наоѓа во домашна самоизолација, а случајот во официјалната статистика на Министерството за здравство најверојатно ќе биде регистрирано во текот на утрешниот ден.

Од општината со смирувачки тонови до граѓаните велат да не се шири паника помеѓу граѓаните после веста која е објавена на неколку локални фејсбук страници.

-Почитувани пехчевци, како лице кое е задолжено за информирање за активностите на општината и актуелните случувања, сакам да упатам апел до граѓаните за смирено и разумно однесување, да не се шири паника после информацијата за појава на корона вирусот во Пехчево. Доколку, се потврди информацијата како точна, градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, веднаш ќе излезе со официјално соопштение до сите наши сограѓани, информираше Живко Каликов, лице за односисо јавност при општина Пехчево.

Ако во овој тежок час се поддржуваме, си помагаме, се охрабруваме, се почитуваме и сме сложни, вирусот нема да не победи, додаваат од општинскиот кабинет.

До денес Пехчево заедно со општините Берово, Македонска Каменица и Делчево се вбројуваше во општините без позитивен случај на КОВИД-19.

Извор: Делчево365

Коментари

коментари

error: Content is protected !!