Трамп со чудна изјава за корона вирусот: Нешто не е, како што се кажува

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека „многу чудни работи се случуваат“ во врска со потеклото на коронавирусот и вели дека е уверен дека Кина има поголем број починати отколку што покажуваат официјалните податоци.

Трамп порачал дека неговата влада се обидува да утврди дека вирусот потекнува од лабораторијата во Кина.

„Многу чудни работи се случуваат, но во тек се и многу истраги. И ние ќе дознаеме“, рекол Трамп пред новинарите во Белата куќа, откако Фокс њуз изнел тврдење дека вирусот потекнува од лабораторијата во Вухан, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател ги довел во сомнение податоците за бројните починати од последици на коронавирусот во Кина, кои Пекинг ги променил во петокот.

Пекинг соопштил дека 1.300 лица кои починале од последици на коронавирус во Вухан, не биле пресметани во официјалните податоци, но ги отфрлил обвинувањата дека станува збор за заташкување на бројот на жртвите.

Коментари

коментари