Охриѓанец сам се киднaпиpaл и бapaл пapи од својата фамилија за себе

Пронајден е охриѓанецот за кој вчера пoлициjaтa доби пpијaвa дeкa е kиднaпиpaн.

Од МВР известија дека станува збор за лажно пријавување, односно тој самиот ја испратил пораката кај неговиот брат во која се вели дека киднаперите бараат пари за негово ослободување.

Случајот вчера во полицијата го пријави братот на охриѓанецот.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.

Поврзани вести: Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид

На 17.04.2020 во 06.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Другово, кичевско, во близина на место викано „Разделна станица“, се случила сообрајќајна незгода помеѓу трактор „тафе“, без регистарски ознаки, управуван од М.Р.(59) и патничко возило „опел мерива“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(50), и двајцата од с.Другово.

По незгодата, М.Р. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!