Нови лоши вести од Куманово поврзани со корона вирусот

Во Куманово денеска се регистрирани 9 нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број на позитивни достигна 320 лица, а меѓу нив е и заменик директорот на кумановската болница Илбер Исуфи, пренесува МКД.мк

Исуфи во објавата вели дека и тој и неговото семејство се чувствуваат добро.

„По неколкуте симптоми на коронавирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен“, пишува Исуфи.

Тој апелира до граѓаните на Куманово и Општина Липково да останат дома, да не се собираат во групи, бидејќи, вели, „секој од нас е одговорен за последиците“.

Во меѓувреме, Општата болница Куманово денеска информираше дека Инфективниот оддел за пациентите со полесна и средно-тешка клиничка слика на ковид 19, останува во функција, но одделот Инфективно 2 (зграда од одделот уво, грло и нос) е затворен и пациентите ќе бидат транспортирани на Инфективна клиника Скопје поради рационализација на персоналот.

„Досега згрижувавме преку 30 пациенти, а немавме ниту простор, ниту услови за поголем број пациенти, ниту стручен кадар, бидејќи од четири инфектолози, двајца се на боледување“, пишува во објавата на кумановската болница.

Оттаму уште еднаш апелираа до кумановци да ги следат препораките на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство, да останат дома и заеднички да се победи вирусот.

Извор: МКД.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!