понеделник, 15 август, 2022

Охрид каков што никогаш го немаме видено

Охрид кој вообичаено за Велигденските празници е полн со гости оваа година поради пандемијата предизвикана од коронавирусот е празен.

Освен оние домашните кои имат свои викенд станови и куќи ги нема традиционалните туристи од нашето соседство па и од подалечните земји. Празни се хотелите и сместувачките капацитети а поради полицискиот час ќе изостанат и прошетките покрај кејот и плажите долж езерото.

Во овој период според туристичките работници градот треба да се насочи кон привлекување на домашните туристи.

Во градот денеска беше раздвижено. Граѓаните брзаа да ги набават потребните продукти за празничната трпеза пред почетокот на најдолгиот полициски час.

Инаку велигденските празници воообичаено се најава за тоа каква ќе биде летната туристичка сезона.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!