На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

На клиниката за Гинекологија во Скопје една родилка е позитивна на Ковид 19, но била безбедно породена со царски рез и бебето се наоѓа на интензивна нега, информираа за Телма од Клиниката.

Бебето е на интензивна нега, бидејќи породувањето било предвремено извршено. Персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот.

Уште една родилка дошла со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за корона вирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.

Трендот на зголемување на заболени од коронавирус ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите, а ваквиот тренд ќе продолжи се до пикот кој согласно проценките треба да се случи на крајот од април.

Целта на воведување на мерките е да нема нагло зголемување на заболени од коронавирус, односно бројот на пациенти да биде соодветен на оној кој може да се третира од страна на здравствените институции.

„Зголемувањето на пациенти во овој период е според очекувањата на епидемиолозите. Тој тренд ќе продолжи се до пикот, кој според сегашните проценти се очекува на крајот од месец април“, рече тој.

Филипче ја објасни состојбата со коронавирусот, потенцирајќи дека се чекаат студиите за процентка на антитела, со цел, да се види дали може со колективен имунитет, граѓаните да се борат со вирусот се до изнаоѓањето на вакцина.

Коментари

коментари