Жена одбила да ја приклучат на респиратор: Имав добар живот, приклучете некој помлад

Медиумите во Белгија пренесуваат необична вест, која без збор ги оставила вработените во болница, откако болна жена од корона вирус, одбила да биде приклучена на респиратор.

-Не сакам да ме приклучите на респиратор. Зачувајте го за некој помлад од мене. Имав добар живот“, изјавила Сузан Хоилерст, која на 20-ти март била тестирана за корона вирусот. Позитивна била и нејзината ќерка, која е сместена во самоизолација.

„Немав шанса да се простам со неа, ниту да присуствувам на погребот“, рекла ќерка и Џудит. Таа вели дека не знае како мајка и се заразила, бидејќи постојано била дома и ги почитувала мерките на изолација. Џудит додава дека нејзината мајка и минатата година била во болница поради воспаление на белите дробови.

Сузан починала на 90-годишна возраст.

Коментари

коментари