Грк казнет со 5.000 евра откако мајка му го пријавила дека го прекршува карантинот

Многу чудна приказна во ерата на коронавирусот беше објавена денеска во Грција, во врска со полицискиот час и строгите мерки што ги воведе грчката држава за да го ограничи ширењето на заразата.

Според грчки Си-ен-ен, Грк што неодамна се вратил во Атина од Шпанија и бил ставен во карантин и самоизолација добил парична казна од 5.000 евра откако било утврдено дека го прекршил карантинот.

Најизненадувачко од сè е тоа што човекот бил пријавен од својата мајка, која ја известила полицијата кога го видела како излегува од нивната куќа.

Човекот, кој бил пронајден на плоштадот Омоноја, тврдел дека ја напуштил куќата за да побара соба во хотел, бидејќи се скарал со семејството.

Полицијата го пребарала во базата на податоци и откако сфатила дека морал да остане дома поради тоа што неодамна се вратил од Шпанија, му ја изрекла казната со неверојатна сума од пет илјади евра.

Коментари

коментари