Читај » МАКЕДОНИЈА » Корона вирус во два нови градови во Македонија, Филипче со најнови детали

Корона вирус во два нови градови во Македонија, Филипче со најнови детали

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3),…

Posted by Венко Филипче on Wednesday, 25 March 2020

Се проверуваат нивните контакти. Кризниот штаб на Прилеп попладнево ќе излезе со детаљи и нови мерки.

Во Прилеп се регистрирани првите два случаи инфицирани од коронавирусот, потврдија од Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Според директорката на центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст од преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

-Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија и се вратил пред 10 дена. Се уште нема резултати за него. Сега го собираме материјалот и се проверуваат контактите кои досега ги имале двајцата сопружници и нивниот син, изјави Николоска.

Коментари

коментари