четврток, 1 октомври, 2020

Од денес може да заминете од државата, ама прво ќе потпишате дека во следните три месеци НЕМА да се вратите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција побара итна вонредна состојба поради корона вирусот, тој порача дека тоа ќе биде најдобро за справување со кризата.

Како што кажа Спасовски, најитно претседателот ќе мора да воведе вонредна состојба, особено откако е за очекување бројот на позитивни од корона вирусот да расте.

– Вонредната ситуација е сериозна ситуација пред која сме исправени. Ова е вонредна ситуација и е потребна вонредна состојба. Владата на РСМ нема ни најмалку дилема. Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време.

Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи. Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иако е распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на РСМ може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

На прашање од новинар, Спасовски откри и дека Владата донела одлука со која секој оној што сака да замине од државата, ќе може да го стори тоа, но и ќе потпише исказ во кој стои дека во следните три месеци истата личност нема да се врати назад во земјата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!