Читај » МАКЕДОНИЈА » Екс-министерот за здравство Тородов се огласи за работата на неговиот наследник Венко Филипче

Екс-министерот за здравство Тородов се огласи за работата на неговиот наследник Венко Филипче

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров денеска имаше пофални зброови за неговиот актуелен наследник Венко Филипче за кого напиша дека одлично се борел со Ковид-19.

„Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19.

-Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија“, пишува Тодоров во денешната колумна за Дојче Веле.

Тодоров, кој го раководеше министерството за здравство до 2017-та, ги повика политичарите, експертите и новинарите да не го напаѓаат кредибилитетот Филипче и останатите функционери за време додека, како што вели тој, светот се справува со пандемијата на корона вирусот.

Прес-конференции не помагаат

Дозволете ми на крај да предложам, секој политичар, доктор или експерт по јавно здравје, кој што смета дека може да помогне со некоја идеја или мерка, тоа никако да не го прави јавно, преку прес-конференции, туку да се обрати до министерството за здравство и комисијата за заразни болести. Ним да им го достави својот предлог или идеја за некоја мерка за која мисли дека треба да биде имплементирана.

Ова од едноставна причина што не секоја мерка може или е добро да се преземе во секој момент, односно некоја мерка треба да се преземе порано, а некоја подоцна. Има и такви мерки кои струката и искуството велат дека не треба воопшто да се преземат, а ако се кажат јавно може да звучат разумно и логично и со тоа да се прави јавен притисок да се донесе погрешна мерка. Имајте доверба во нашите институции и експерти.

До сега, во оваа битка со коронавирусот, покажаа дека треба и може да им се верува. Да се сплотиме и со тоа да им помогнеме и да ги охрабриме да продолжат да си ја вршат својата работа за која имаат експертиза. Да не им ја трошиме силата на глупости. Да им помогнеме да ни помогнат.

Целото интервју на „Дојче Веле“

Коментари

коментари