Читај » МАКЕДОНИЈА » Шпанија го ратификуваше договорот, НУЛА гласови против – Македонија веќе е дел од НАТО

Шпанија го ратификуваше договорот, НУЛА гласови против – Македонија веќе е дел од НАТО

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес-конференција информираше за добиена поддршка од Сенатот на Шпанија за влез на нашата државата во НАТО, со што и официјално ќе станеме 30-та членка на Евроатлантскиот пакт.

Ратификацијата се следеше во Медија центарот во Владата, а присутни беа министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор во земјава, Лоренцо Сера.

Иако ова беше невообичаена седница на шпанскиот Сенат, како што рече Димитров тој се заблагодари и на Шпанија и на Сенатот и на министерката за надворешни работи што прашањето беше ставено на дневен ред во тешки околности и за Шпанија и за светот.

Диитров истакна дека ова е историски ден за Македонија, која од 1993. година се обидува да влезе во НАТО. Денес, сите политички пречки за тоа веќе се надминати.

Лорецо Сера покрај својот говор на шпански јазик, имаше обраќање и на македонски јазик, каде истакна дека сите 29 земји членки се задоволни што ќе го прошират семејството на НАТО со Северна Македонија, како 30-та членка земја на НАТО.

Коментари

коментари