Читај » МАКЕДОНИЈА » Филипче: Според пресметките, можно е да имаме околу 2.000 заболени, а пикот на вирусот да биде за еден месец

Филипче: Според пресметките, можно е да имаме околу 2.000 заболени, а пикот на вирусот да биде за еден месец

Министерот за здравство, Венко Филипче одржа прес-конференција, а веројатно најголемо внимание привлече вкупниот број на заболени од корона вирусот кој изнесува 26 лица.

На прашање од новинар, кога се очекува да биде пикот односно најголемото ширење на вирусот и која е бројката што би можела да ја очекуваме во Македонија за заболени, Филипче даде одговор, за кој порача и дека треба да се земе со доза на резерва.

-Ќе дадам одговор, кој треба да се земе со доза на резерва, односно никој точно не знае како ќе биде. Според првичните проценки, пикот на вирусот кај нас би требало да се случи за еден месец, а бројот на заболени од вирусот може да се искачи до 2.000 лица.

Скопјанец кој една недела имал симптоми на грип и брачна двојка од Скопје која пред неколку дена се вратила од Бугарија се новодијагностицираните пациенти заболени со коронавирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Тие ги направиле тестовите на приватната клиника ’Жан Митрев‘ кои биле позитивни, но направивме контролни тестови во Центарот за јавно здравје и беа повторно позитивни. Се изработуваат тестовите на членовите на неговото семејство. Тој имал гости од Србија и во моментов се контактираат и тие. Сопружниците дошле од Бугарија пред некој ден и вчера член на семејството ги донел во приватната клиника. Тие сè уште се дома и во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективната клиника“, кажа Филипче.

Во земјава има вкупно 26 лица заразени со КОВИД-19, од кои 17 се во Скопје, а 9 во Дебар и сите се во стабилна состојба.

Капацитетот на Инфективната клиника, рече тој, е целосно подготвен.

Коментари

коментари