Филипче: Од 5, четири од позитивните лица се здравствени работници – да ги чуваме, ќе ни бидат потребни

На вечерашната прес-конференција, министерот Венко Филипче потврди дека има нови пет позитивни лица на корона вирусот, од кои четири се здравствени работници.

Денес имаме 5 нови дијагностицирани, од кои 4 се здравствени работници. Освен четирите пациенти, позитивен е мажот на сопругата која веќе се излекува од корона вирусот од Скопје.

Од утре во болницата во Дебар, затоа што овие матични лекари вршеле сериозна работа, ќе присуствуваат и двајца лекари од клиниката за пнеуматологија од Скопје.

Би сакал да кажам дека здравнствените работници се најекспонираните, но ние мораме да правиме се да ги заштитиме, затоа што во овие услови, мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем за сите.

Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките што се донесени како одлуки на Владата. Нивото на свест мора да биде на високо ниво, затоа што од тоа зависи јавното здравје за сите нас и за здравствените работници.

Тие здравствени работници имаат семејства. Упатувам порака до моите колеги, сите здравствени работници дека трудот и напорот и улогата која што се дава во овој момент е непроценлива.

Коментари

коментари