Гигантски потег: Македонски телеком со убави изненадувања за сите свои корисници – Остани дома

На сите постпејд, припејд и деловни корисници Македонски телеком доделува дополнителни 10 ГБ мобилен интернет, односно 10GB #ОстаниДома пакет кој автоматски ќе им биде активиран и ќе може да се користи до 15 април, соопшти Македонски телеком.

„Дигиталната комуникација, во овие услови е клучна за непречено одвивање на работата, затоа двојно ќе ги зголемиме и капацитетите на фиксниот интернет за сите деловни корисници кои на своите вработени им обезбедуваат работа од дома. Ќе обезбедиме и двојно повеќе фиксен интернет за сите приватни корисници.

На MaxTV корисниците ќе им овозможиме до 15 април да следат голем избор телевизиски содржини: сите спортски канали од Арена спорт и Спорт клуб каналите; пакетот Pink Extra со 29 канали и филмските канали: Fox Movies и Fox Crime M1Gold, Tring Action М и Fantasy М, AXN и AXN Spin, Cinemania, Epic Drama; детските канали: Boomerang, Pikaboo, Cartoon network, Nickelodeon Junior, BabyTV, HAYATOVCI, како и каналите: Viasat Nature & History HD, Comedy Central, 24 Kitchen, VH1 Europe, VH1 Classic, MTV Hits, MTV Rocks и MTV Dance, Fine Lliving Network, Travel Channel, Food Network, HAYAT, CNN, BBC. Наредните денови, корисниците можат да очекуваат и нови содржини.

Нашиот приоритет е да ги одржиме капацитетот на мрежата и интернет пристапот беспрекорни, но и да бидеме солидарни. Сите наши ресури се насочени да обезбедиме непречена комуникација. Тука сме за вас“, соопшти Македонски телеком.

Коментари

коментари