среда, 1 декември, 2021

Таткото на нацијата се огласи – Стево Пендаровски свика итна лидерска средба

Утре во Вила Водно ќе бидам домаќин на средба на лидерите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Лидерската средба ја свикав со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која ја организирав во октомври 2019 година по Европскиот совет.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Заев и Мицкоски понудија одложување на изборите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција порача дека здравјето на граѓаните е поважно од датумот за одржување на изборите.

„Ние мора да ја донесеме оваа одлука заедно. Ова го предлагаме денес како најголема партија на власт. Исто така, мора да ги земеме предвид последиците од одложувањето на изборите врз економијата, но сите знаеме дека сегашната состојба ја прави ситуацијата непријатна со начинот на организирање на гласањето, избирачките места и слично. Се надевам дека заедно ќе изградиме позиција да ги одложиме изборите. Постојат неколку елементи кои утврдуваат кога може да се одржат избори, но главниот е јавното здравство“, рече Заев.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ пак преку Фејсбук се обрати до јавноста.

Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори.

Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор.

Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.

Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!