Читај » МАКЕДОНИЈА » Време е да се свестиме, денес нови 7 позитивни на корона вирус – бројот се искачи на 25

Време е да се свестиме, денес нови 7 позитивни на корона вирус – бројот се искачи на 25

Седуммина нови случаи на корона вирус денеска се потврдени во земјава. Како што кажа министерот Венко Филипче на вечерашната прес конференција станува збор за три лица од Скопје и четворица од Дебар.

Двајца од потврдените случаи од Скопје се тестирале на клиниката Жан Митрев, а еден е на клиниката за инфективни болести.

Четворицата од Дебар биле во контакт со веќе потврдените случаи од тој град.

Министерот појасни дека лицата тестирани во клиниката Жан Митрев утре ќе бидат повторно тестирани во државната лабораторија.

На вечерашната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека владата одлучила да се затворат сите гранични премини, како и аеродромот во Скопје.

Од среда попладне се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, одлучено е на вечерашната владина седница. Министерот за здравство кажа дека покрај аердромот се затвораат и сите гранични премини.

„Аеродромот во Скопје се затвора за 48 часа од сега, освен за државни и медицински цели, како и за карго пратки. Граничните премини се затвораат од вечерва за влез на странски државјани, освен за товарни возила, дипломатски возила и други со специјална дозвола од Министерството за внатрешни работи“, кажа Филипче.

Коментари

коментари