понеделник, 15 август, 2022

ФОТО: Падна снег во Дебар, се оди од врата на врата – се носат прехранбени и хигиенски продукти

Главниот штаб денеска во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) одржа состанок во врска со постоењето кризна состојба на дел од територијата на земјава, односно во општините Дебар и Центар Жупа за справување со ширењето на коронавирусот.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку ги презентираше планираните точки на дневниот ред кои беа усвоени без забелешки.

Како што соопшти ЦУК, еден од заклучоците на денешната седница е Центарот за управување со кризи (преку РЦУК Дебар) да го организира и координира внесувањето на артиклите за исхрана и материјално техничките средства во кризното подрачје.

Барања да се доставуваат до Центарот за управување со кризи и во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство и Единиците на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа ќе ги определи термините и местата за преземање.

Донесен е и заклучок за забрането излегување на лица и изнесување на артикли за исхрана и материјално технички средства од кризното подрачје, како и за лицата кои се затекнати во населените места во периметарот на обезбедување, а не се дел од кризното подрачје, забрането е излегување од истото, а институциите ќе им ги обезбедат потребите во намирници, опрема и лекови.

Оперативниот штаб е на терен, се оди од куќа во куќа, се носат прехранбени и хигиенски продукти. Воедно, во Дебар падна и снег.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!