Читај » СЛАЈДЕР » Роналдо сепак нема да ги претвори хотелите во болница – веста била голема лага

Роналдо сепак нема да ги претвори хотелите во болница – веста била голема лага

Португалската фудбалска sвезда и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучи да ги пренамени своите хотели во Португалија во болници за лекување на пациенти со коронавирус, јави шпанската „Марка“.

Роналдо има луксузни хотели во Лисабон и Мадеира за кои Шпанците тврдат дека ќе станат болници за оние кои се заразиле со КОВИД-19 следната недела.

– Сместувањето ќе биде бесплатно за сите, а Роналдо ќе ги покрие и сите медицински трошоци, платите за лекарите, медицинските сестри и другиот персонал, напиша „Марка“.

Сепак, се чини дека засега нема ништо од ова.

Бројни извори објавија дека оваа одлука сè уште не е донесена и дека иако Роналдо веројатно размислува за ова, засега не може да се потврди.

Роналдо во моментов е во самоизолација во родната Мадеира.

Коментари

коментари