Како Тито и Југославија се справија со епидемијата вариола вера – медиумите во Италија раскажуваат со воодушевување

Некои италијански медиуми потсетуваат како Југославија за два месеца успеала да се справи со епидемијата на вариола вера во 1972 година.

Водечкиот италијански весник „Кориере дела сера“ потсетува дека откако биле идентификувани пациентите од кои почнала епидемијата, била воведена вонредна состојба – блокади на улиците, водење на заразените во воени болници, адаптација на хотели во карантини и давање големи дози пеницилин, тетрациклин и гамаглобулин.

„Вакцинирани беа вкупно 18 милиони луѓе – на дневно ниво 1,3 милиони. Брзата реакција на Тито според бројките е вредна за споредба за она што го направија Кинезите кога е во прашање короната. Разликата е во тоа што уште не е направена вакцина за коронавирусот“, пишува весникот.

Кина, на повик за помош од Италија, одлучи во оваа најзагрозена европска земја од Ковид-19 да испрати значителна помош во вид на медицинска опрема и апарати.

Станува збор за два милиона маски и околу 10.000 респиратори, како и за 20.000 заштитни одела, заедно со 50.000 комплети за тестирање, пренесува Меѓународното кинеско радио.

Италија четири дена е во карантин, улиците во сите градови се празни, бројот на заразаните со Ковид-19 е 15.113, на починатите 1.106.

Коментари

коментари