недела, 6 декември, 2020

ФОТО: Дебар е блокиран, нема влез и излез од градот, а пожар ги вознемири граѓаните

Сите влезови во Дебар попладнево се блокирани од страна на полицијата. Нема ниту влез ниту излез од градот. Кризната состојба во Дебар ќе трае во наредните 30 дена, пишува НОВА ТВ.

Таму има ограничување на движењето, се прави план како ќе се одвива карантинот, рече вечерва во интервју за НОВА, министерот Венко Филипче.

„Детално се проверуваат контактите во Дебар, се прави детална анализа. Најголем ризик е да се седи 1,5 до 2 метри одалеченост од заболен со коронавирус, во трење до 30 минути. Првата линија на контакти се најзагрозени. Се уште има некои непознати аспекти. Првата пациентка која се возела со луѓе 20 часа од Италија, а ниту еден не се зарази. Луѓето во Дебар присутвувале на прослава и во тој краток контакт ја пренеле болеста“, рече Филипче.

Но, она што ги вознемири граѓаните на Дебар вчерва, е пожарот кој избувнал попладнево и за кој велат дека е речиси до куќите. Присуството на полицијата, блокираниот град дополнително ја зголемија паниката кај граѓаните кои се обратија до редакцијата на НОВА.

Целиот текст на НОВАТВ.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!