среда, 1 декември, 2021

Поголема група на млади луѓе се журкале на Водно, МВР брзо излезе на терен и ја среди ситуацијата

Со несоењето на мерките на влада за затварање на угостителските објекти во 18 часот, забавата и дружењето се премести на Водно. 40 возила со по неколку лица се во нив, вечерта ја минуваат на паркингот пред жичарата како и на патот кон Водно, објави А1.он

Присутните слушаат музика, а дружењето на некои од нив е пропратено и со пијалоци, како што тоа се правеше пред 20 години. Дел од нив велат дека ситуацијата со коронавирусот не ги плаши, како и дека внимаваат.

Набрзо со реакција одговорија од МВР, кои излегле на терен и ја расчистила поголемата група.

Доцна вечерва, МВР преку соопштение ја информираше јавноста дека во врска со препораките на Владата за преземање на мерки за расчистување на поголеми групи на луѓе јавни простори, како една од мерките за справување со корона вирусот, СВР Скопје презеде мерки за расчистување на поголема група на млади на Водно.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!