Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение и имам нешто да ви кажам

Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение (ГОБ „8 Септември”). Не ми е прв пат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал.

Маски, редовна промена на ракавици, дезинфекција на секој топломер после секој пациент, секојдневна дезинфекција на сите површини во сите соби, кварцање на соби и ходници, во секоја соба средство за дезинфекција, забрана за влез на кое било лице во целата болница, забрана за шетање на пациентите по ходници и никаква меѓусебна комуникација.

Медицинските лица прават се што можат да спречат ширење на болести. Министерот за здравство никогаш не сме го гледале толку често на прес конференции и никогаш немало толку детални информации и упатства.

Е, па другари, сега на секој од нас останува да се погрижиме за своето здравје, да не изигруваме здравствени експерти на тастатура и дувни-ветре ликови во реалноста. Не може министерот да ни ги мие рацете или да стои на граница и да ни мери температура. Не дигајте паники и мијте раце. Многу е просто. Ви посакувам добро здравје <3

Р.Ѕ. Не се грижете за мене, не е ништо страшно, ќе помине. Сакам само да ви кажам да си го чувате здравјето!

Коментари

коментари