среда, 1 декември, 2021

Возач на македонски автобус кој одел во Италија заедно со двете деца е во изолација

Стотина лица се изолирани од вчера поради сомнение за зараза со коронавирус. Од нив 64 се вработени на Клиниката за кожни болести, а 24 се пациенти. Од претходно, во изолација сѐ уште се лицата кои биле во контакт со првата заразена патничка која се врати од Италија. Тие лица денес ќе бидат посетени од епидемиолозите и ќе се види дали треба да се тестираат.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција рече дека се прават тестови за корона во лабораторијата на ИЈЗ, која е акредитирана, а за потврда се чека од лабораторијата во Германија.

– Такви тестови се прават само во таа лабораторија за да избегнеме конфузија во толкувањето на резултатите – рече Филипче.

Возач од Кочани и неговите две деца се во домашна изолација.

– Инфективната клиника спреми 8 бокса со респираторни машини. Се набавувааат уште 2 респиратори и плус 5 во следниот период. Клиниката има акциски план за ослободување на болничките капацитети, веќе се ослободи едно дополнително одделение и колегите предвидоа кои капацитети ќе се користат за на едно место на Инфективна клиника да бидат сконцентрирани сите пациенти – рече Филипче.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!