понеделник, 19 април, 2021

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ: Нема да бидеме трета опција, одиме на избори

„Започнавме да работиме на реализација на една многу искрена идеја, втемелена на граѓански активизам. Успеавме да мобилизираме низа активности со кои посветено работевме и сеуште работиме во насоката на промоција на македонскиот концепт. Во изминативе неколку недели ја реализиравме кампањата „Приклучи се направи промена“, под мотото „За нормална држава“.

Во оваа мисија не сме сами, поддршка добивме и сеуште добиваме од сите страни на државата, голем број наши сограѓани чија желба за нормален живот и подобро утре е посилна од било кога до сега. Таа поддршка за нас е значаен потик предизвик. Но и одговорност да направиме голем чекор напред чекор кон нормална држава и иднина на нашата земја. Токму затоа охрабрени и поддржани од илјадници наши сограѓани кои ни дадоа зелено светло да продолжиме, денес сме тука собрани за да потврдиме: Пораката е примена, а ние сме подготвени за да го направиме тој чекор напред, беше кажано вечерва на промоцијата на прогармата на политичката платформа „Македонски концепт“.

Пред присутните се обрати промоторот на оваа платформа Петар Богоjески. Тој во дел од своето обраќање истакна:

Сакам нешто лично да кажам за да расчитиме некои дилеми , ако воопшто кај некого или некаде постојат: Често слушам ене го бунтовникот, реформаторот, одметникот. Точно, бунтовник, но за што? – За нормална држава Реформатор, но на што? – На заробената држава. Одметник, но од што? – Од бандитите … Ова е точно и се гордеам со тие епитети.

Реформатор, а не реставратор. Да, јас сум реформатор и ние сите заедно тука сме реформатори кои се бориме оваа наша Македонија да стане нормална држава. Ние не сме реставратори на истрошени, непродуктивни криминални системи и естаблишменти.Ние ја превземаме улогата на реформатори. Но тоа е тајната на Македонки концепт. Зошто е победнички концепт?

Богоjески обраќајќи се пред присутните во продолжение истакна:

„Месеци промовираме „Чекор НАПРЕД“, сите се прашувате што е тој чекор или кој е тој чекор. Тоа е нашата конечна одлука, односно одлука да ви соопштиме дека ние сме подготвени да одиме на избори. Таа подготовка значи дека сме подготвени со листи на врвни професионалци, универзитетски професори , стопанственици, граѓански активисти и граѓани кои серизоно стојат да одлуката да направат се што можат за нормална Македонија Во овој момент сведоци сме на исклучително валкани игри на политичката сцена во земјава, на политички пазар, јас би го нарекол непринципиелен шопинг и коалиции на партии кои немаат ништо заедничко по својата идеолошка определба. Ние сме строго одлучни дека единствено може да излезиме пред граѓаните на држава само со сродни и јасно определени граѓани кои знаат да препознаат, кои знаат да се изборат за нормална држава и кои знаат да застанат зад вистински вредности кои 30 години ги нема во нашата татковина. Таа наша одлука секако е усвоена доколку општеството е подготвено за нова етапа од политичкиот живот во земјава доколку граѓани, организации и политички партии се подготвени зад вредностите за кои се залагаме, тогаш заедно одиме на избори каде ќе покажеме и докажеме дека сме уникатна понуда различна од досегашните.

Што нудиме:

Нудиме нови лица, нова генерација кои со посветенот, стручност и издржана идеја ќе докажеме дека заеднички можеме да создадеме држава во која граѓаните се секогаш на прво место, и која е економски и полички стабилна. Нови идеи, нови прокти кои ги решаваат проблемите и кои ќе пркосат на личните интереси. Проекти чија реализација ќе значи ефективно и ефикасно решение,а не политичка импровизација или манипулација.

Зошто таа одлука во услови кога институциите со децении потфрлаат, кога не успеаја да се справат со мафијата, останува тоа да го направиме ние граѓаните. Да се самоорганизираме , за да ја спасиме државата. Да се избориме и конечно да воспоставиме вистинска Република. Тоа е Македонски концепт , форма на граѓански активизам, за справување со бандитите, за спас на државата и за вистинска република.

Имаме идеја во која веруваме , идеја во која сме убедени, идеја како до нормален живот, како до нормална држава , како до нормално општество или како до фер општество. Таа идеја е наша водилка во оваа борба за нормална држава. Дел од таа идеја преточивме во нешто што го нарековме „граѓански манифест“.

Ако Макеодонските илинденци си имаа свои манифести низ кои ја изразија желбата за слобода и државност , ние денес преку наш манифест , ја изразуваме нашата одлучност – да се избориме за нормална држава, фер општество, европеизација, нова генерација одговорно управување, слободен човек, законитост , правдина, политички дијалог, еконоски развој и претприемништво, образование и култура и здрава нација. Тоа се постулатите на кои се потпира нашата програма и се она што сме во намера да го промовираме во наредниот период.

Само компатибилни на оваа идеја граѓани, организации и политички партии кои се подговени на бескомпромисна борба за реализација на тоа можат да бидат дел од екипата со која треба да ја промениме државата.Затоа што единстевната призма низ која гледам е онаа која констатира квалитет на животот, кој сите ние тука го живееме. Затоа ни е потребна оваа граѓанска будност – само будни граѓани одлучуваат самостојно за својата иднина. Само будни граѓани не дозволуваат да бидат манипулирани од истите бандити повеќе децении. Доста беа манипулации.

Некој ќе каже етикетирање со политичка позадина. Сите ние веќе неколку генерации сме заложници на етикетирање, тоа е наш национален спорт. Заробеници сме на пизми, тоа ни е историско наследство, притвореници сме на анахроно поведение , тоа ни е тековна судбина. А јас ќе речам доста со етикети, да прекинеме со пизми , да завршиме со анахрно однесување. Пред вас стои само еден граѓанин на Републиката, но во име на илјадници кои одбиваат да бидат заложници, заробеници, притвореници на сите оние кои сме обединети во Македонски концепт, подготвени да направиме чекор напред, ненормалното да го подобриме – поправиме во нормално.

Јас сум по природа победник, затоа што секогаш сум креирал победнички концепти.

Таков е и ќе биде токму овој Македонки концепт. Тој е осуден на успех, а еве и зошто.

Затоа што сите нации низ светот си имаат свои концепти за иднината. Редно е и ние да си имаме наш македонски концепт, за нашата иднина. Сами да си ја кроиме судбината. Сите ние сплотени во Македонски концепт единствено сме мотивирани од личните ставови и желби. Да ги вложиме сите сопствени и професионални и човечки капацитети во насока оваа наша Македонија да ја направиме нормална држава која има сигурна иднина и која на секој граѓанин ќе настојува да му обезбеди достоинствен живот.

Ние нема да прифатиме да бидеме некава трета политичка опција. Токму ние ќе одлучиме кој ќе биде премиер на Р Македонија. Нашата заложба, намера и посветеност е да бидеме прва и еденствена опција, бидејќи мафијата од другата страна не е опција. Нашата цел е да создадеме нормална држава со модерно образование, чиста околина, богати граѓани , спортски достигнувања, достојни за почит и углед како дома така и во светот.

Никој нема ексклузивно право врз Македонија. Македонија е на сите нас заедно и сите заедно гордо ќе го носиме знамето да државниот патриотизам. Македонци сме сите ние кои живееме во Македонија. Нашата цел е да направиме промена на овие избори. За нормална држава ние сме подготвени за избори.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!