Читај » МАКЕДОНИЈА » Само 40 Македонки го откажале патувањето за 8-ми март во Италија, другите 210 ќе одат

Само 40 Македонки го откажале патувањето за 8-ми март во Италија, другите 210 ќе одат

Двесте и педесет македонски граѓани уплатиле аранжмани за во Италија за 8 ми март преку агенцијата „Го травел” од Скопје. Од агенцијата потврдуваат дека имаат аранжмани на три дестинации, Милано, Венеција и Тоскана, пренесува МКД.мк.

Од агенцијата во телефонски разговор за МКД.мк соопштија дека по настанатата состојба со коронавирусот, само 40 тина наши граѓани кои уплатиле за Италија, се јавиле и го откажале аранжманот. Останатите 210 се подготвени за патување и не се јавиле да откажат или да побараат друга дестинација.

И додека Светската здравствена организација предупредува дека треба да сме подготвени за пандемија, а во Италија владее паника и се празнат маркетите, нашите граѓаните кои уплатиле осмомартовско патување во Венеција, Милано и Тоскана се чини дека немаат страв од оваа состојба.

Од менаџерскиот тим на агенцијата велат дека тие како агенција се загрижени за целата ситуација, но нема да ги повлечат и откажат понудите за Италија за сега, со оглед дека ќе остават изборот да го направат граѓаните. На оние 40 кои веќе се јавиле да откажат, им понудиле други дестинации за патување.

„Ние како агенција нема да ги откажеме патувањата на овие дестинации. Сепак оставаме да одлучат оние кои уплатиле и им нудиме заменски аранжмани. Штетата која би ја претрпеле како агенција би била голема“, ни одговорија од агенцијата која постои околу 2 и пол години.

Од таму на нашето прашање дали стравуваат од опасниот коронавирус кој се шири многу брзо и кој се појави и во Италија, ни појаснија дека патувањата нема да ги откажуваат за сега бидејќи, како што ни одговорија „немало ништо прогласено во Италија“ и ќе чекаат да видат што ќе одлучи Владата и какви препораки ќе даде.

Во дел од агенциите што ги контактиравме денес немаше понуди за Италија, туку за 8 ми март понуди имале за Дубаи и Истанбул и тие се нудат и се купуваат.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче испрати апел да се откажат патувањата во Италија и да не се патува ако не е неопходно.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк

Коментари

коментари