Читај » МАКЕДОНИЈА » Мицкоски бара помош: Мијалков и Камчев може да донираат за ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски бара помош: Мијалков и Камчев може да донираат за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека предизборната кампања на партијата ќе биде финансирана од членарина, донации, како и комерцијален кредит.

Тој посочи дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра без оглед на, како што рече, тоа што државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.

„Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, еве вие на пример, или некој друг којшто цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира. Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали би прифатил донација од Мијалков или Камчев.

Коментари

коментари