Читај » МАКЕДОНИЈА » (ФОТО) Дали Македонија е подготвена за корона вирусот – одговор даде Петров

(ФОТО) Дали Македонија е подготвена за корона вирусот – одговор даде Петров

Во Италија и Германија се одложуваат фудбалски натпревари, Европа се повеќе стравува дека корона вирусот тропа на нашите врати – па нормално, секој се плаши за самиот себе.

На социјалните мрежи има многу прашања, без конкретни одговори: Дали и Македонија е подготвена да го спречи и да се бори со корона вирусот?

На ова прашање одговор се обиде да даде потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, кој порача дека Министерството за здравство и Светската здравствена организација се подготвени за вирусот.

-Читам многу коментари дали сме биле подготвени за корона вирусот. 👉Според МЗ и СЗО, целиот систем е спремен во случај да се појави прв заболен со коронавирус во државата. Се следи секоја информација којашто доаѓа и се постапува согласно насоките од Светската здравствена организација,- напиша Петров.

Коментари

коментари