Читај » МАКЕДОНИЈА » MKA-2000: Заложбите за подобрување на консултантскиот сектор да се вклучат во предизборните програми

MKA-2000: Заложбите за подобрување на консултантскиот сектор да се вклучат во предизборните програми

MKA-2000 претставува професионaлно здружение во коe членуваат претставници на домашни регистрирани фирми кои вршат менаџмент консалтинг услуги, меѓународни консалтинг фирми и независни консултанти кои ги нудат своите услуги како интелектуална услуга.

Со оваа структура, МКА-2000 веќе 20 години делува преку унапредување на квалитетот на консултантските услуги и обезбедува поддршка на јавниот и приватниот сектор.

Во пресрет на изборниот процес, МКА-2000 упатува апел до политичките партии при креирање на нивните предизборни програми да ги земат предвид заложбите за подобрување на бизнис климата во консултантскиот сектор. Оваа заложба произлегува од потребата за подобро искористување на достапните фондови, креирање нови пазари, поголем влез на странски инвестиции, примена на меѓународните стандарди, поддршка на иновативноста и конкурентноста, како и примена на начелата на ЕУ за водење бизнис.

Организацијата МКА-2000, која ги застапува интересите на консултантите е одблиску запознаена со состојбите и потребите во овој сектор смета дека постои неискористен потенцијал кај домашните консалтинг компании и недоволно дефинирани пазарни услови кои овозможуваат нелојална конкуренција.

Во оваа насока, сакаме да истакнеме дека е неопходно да се воспостави:

Транспарентен систем на јавни набавки за избор на најдобра понуда во која ќе се напушти концептот на најниска цена и ќе се цени понудениот квалитет. Со овој принцип ќе се овозможи ефикасно извршување на набавката и при тоа ќе има заштеда на ресурси.

Услови кои ќе овозможат вклучување на домашни консултантски компании во меѓународни повици кои се реализираат со буџетски средства на Р.С. Македонија, но и од средствата на меѓународните организации. Со поттикнување на учеството на домашните компании, значително ќе се влијае врз градењето и зајакнувањето на националните капацитети во професијата.

Искоренување на нелојалната конкуренција и елиминирање на сива економија. Потребно е да се дефинираат условите за фер натпревар помеѓу регистрирани субјекти кои се даночни обврзници и вршат стопанска

Коментари

коментари