Читај » МАКЕДОНИЈА » Боки: Ми понудија да излажам дека Катица е виновна, за да ме пуштат на слобода

Боки: Ми понудија да излажам дека Катица е виновна, за да ме пуштат на слобода

Боки 13 имал понуда да биде ослободен, доколку кажел дека Катица Јанева била виновна за „Рекет“ и дека пари земала Фросина Ременски, ова денеска во судот го тврдеше Бојан Јовановски, кој побара притворот да му биде заменет со поблага мерка за обезбедување присуство. Неговиот адвокат Сашо Дукоски вели повеќе немало преостанати околности за негово задржување во Шутка. Јовановски вети дека ќе присуствува на рочиштата и нема да го кочи процесот.

-Мојата здравствена состојба стана шпанска серија каде што се руши моето достоинство. Во оваа ситуација дојде човек да биде среќен да се разболи за да добие поблаги мерки, кажа Јовановски во судот.

Во судница во неколку наврати дојде до препукувања меѓу одбраната и обвинителката Вилма Рускоска, која жестоко се спротивстави на барањето за укинување на притворот на Боки 13.

-Полицијата не го најде обвинетиот во библиотека, го најде на граница при обид за бегство. Затоа се противам на какво било размислување за укинување на притворот, кажа Рускоска во судот.

Коментари

коментари